Ќе се реконструира пругата од Битола до границата со Грција

Bez autora
Jul 30 2013

Ќе се реконструира железничката делница од Битола до Кременица, на границата со Грција. Со зафатот се планира обновување на приближно 17 километри колосек од крајот на станицата во Битола до границата со Грција, реконструкција на премини, поврзување на колосекот со новата индустриска зона во Жабени и изградба на нова железничка станица за прекуграничен сообраќај патен и товарен, со сите придружни објекти и нова сигнализација и телекомуникациски инсталации. Како што најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески градежните работи на оваа делница ќе започнат кон средината на идната година и ќе бидат завршени за 24 месеци, односно до средината на 2016 година. Тендерската документација е веќе изработена и доставена до службите на Делегацијата на Европската унија на одобрување. По нејзиното одобрување ќе почнат тендерските постапки кои се предвидуваат во втората половина на годинава.

Ќе се реконструира пругата од Битола до границата со ГрцијаЌе се реконструира железничката делница од Битола до Кременица, на границата со Грција.

Со зафатот се планира обновување на приближно 17 километри колосек од крајот на станицата во Битола до границата со Грција, реконструкција на премини, поврзување на колосекот со новата индустриска зона во Жабени и изградба на нова железничка станица за прекуграничен сообраќај патен и товарен, со сите придружни објекти и нова сигнализација и телекомуникациски инсталации.

Како што најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески градежните работи на оваа делница ќе започнат кон средината на идната година и ќе бидат завршени за 24 месеци, односно до средината на 2016 година. Тендерската документација е веќе изработена и доставена до службите на Делегацијата на Европската унија на одобрување. По нејзиното одобрување ќе почнат тендерските постапки кои се предвидуваат во втората половина на годинава.

Јанакиески вели дека при подготовката на документацијата за оваа делница е земена предвид и стопанската активност и економскиот развој во пелагонискиот регион и развојот на индустриската зона Жабени кај Битола.

„Со реализацијата на овој проект ќе се овозможи подобрување на железничката инфраструктура во земјата како стратешка транспортна точка во регионот и ќе се зајакне протокот на меѓународна трговија и директниот пристап до Солунското пристаниште. Особено е значајно тоа што ќе се поттикне протокот на товарниот сообраќај и меѓународниот патнички сообраќај и користењето на железничкиот транспорт во трговијата“, вели Јанакиески.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik